Изработка на декорации или други корисни работи за вашиот дом со сопствени раце може да биде забавен и задоволителен начин да придонесете на убавината и да го истакнете личниот стил на вашиот простор.
МЕГА има за цел да ве инспиприра и да ве поттикне да размислувате креативно во последните денови од летото
Во следниот текст, ќе ви покажеме неколку креативни и лесни идеи за изработка на уникатни декорации кои може да ги прилагодите според вашиот вкус и потреби, и да го разубавите секој ваш простор.
сликата е превземена од pillarboxblue.com
1. Саксија за цвеќе од плочки
Цвеќината се нешто што носи радост и убавина во нашиот живот. Грижата за нив претставува задоволство и секако разубавување на домот. Еве еден наш предлог како да го разубавите нивниот простор со изработка на едноставни саксии од плочки, вашите цвеќиња ќе можат да живеат во секој простор и на отворено и на затворено. Се што ви е потребно се уникатни плочки кои може да ги најдете во продавницата на МЕГА и мала доза на креативност.