МЕГА е успешна приказна за мала семејна фирма, која со иновативна стратешка визија и динамичен развој, прераснува во фирма со водечка позиција на пазарот на градежни материјали и опрема за уредување.

Мисија

Со единствена понуда на квалитетни и модерни производи од областа на градежните материјали и опрема за уредување, да создадеме задоволство на нашите клиенти.

Визија

Да бидеме лидери на пазарот, следејќи ги постојано современите трендови во областа на градежништвото и опремата за уредување. Да имаме понуда соодветна за секое барање, примамлива за секој вкус и достапна за секој купувач. Да бидеме прв и единствен избор, во остварување на сонот за совршен дом.

Временска рамка

za-nas-img-2.jpg

МЕГА започнува како проектантско биро на двајца сопружници, архитекти.

1992

1995

za-nas-img-3.jpg

Имајќи јасна желба за нова ориентација, МЕГА се трансформира во фирма за продажба на градежни материјали и го отвора првото продажно место во Куманово.

za-nas-img-4.jpg
Како плод на интензивната работа и се поголемиот интерес, МЕГА ги зголемува капацитетите и го отвора второто продажно место во Куманово, во индустриската зона Карпош.

2001

2003

mega-sk-02.jpg

МЕГА стартува со свој прв продажен салон во Скопје и во следните неколку години успешно се позиционира на овој пазар и го зголемува бројот на новите подружници во главниот град.

za-nas-img-5.jpg

Чувствувајќи ги потребите на своите купувачи, МЕГА го гради деловниот објект МЕГА Мол, во кој ги обединува функциите на луксузен продажен салон и склад за градежни материјали и опрема. МЕГА Мол во Скопје станува вистински хоум центар.

2010-2013

2015-2018

gradia-home.jpg

Пред МЕГА е нов предизвик – Својот потенцијал да го насочи кон дефинирање на повисоки стандарди во урбано домување. Како одговор на тој предизвик, следува инвестиција во изградба на современ станбено-деловен комплекс Градиа Хоум во населба Аеродром, Скопје.

urban-garden.jpg

МЕГА денес брои повеќе од 70 вработени и како и до сега, продолжува да ги следи модерните трендови, дефинирајќи ја според нив својата понуда. Со новиот проект-инвестиција Урбан Гарден, МЕГА го прави следниот голем чекор во својот развој сега веќе и како успешна фирма –инвеститор.

2019

ЗАТВОРИ

Категории

Додади во кошничка
Artboard 5

📣 Биди во тек со сите промоции на Мега сега и на Viber

Внеси мобилен телефон (3897xxxxxxx) и зачлени се

📣 #МегаИзвестување

Салонот на МЕГА во Куманово нема да работи во сабота, 02.12.2023, поради попис.
Ве молиме контактирајте не на телефон или е-маил, или посетете ги нашите продажни места во Куманово.