МЕГА во посета на Haier во Кина – Поблиску до технологијата и иновациите
Во рамки на посетата беше реализирана сеопфатна стручна обука и едукација, со посебен акцент на климатизациските системи, мултисплит системите, касетните клима-уреди, Mini VRF/MRV системите, фенкојлерите, топлинските пумпи и бојлерите. Преку практични демонстрации, технички презентации и обиколка на производствените линии, беа продлабочени знаењата за нивните карактеристики, функционалности и примена.
Посетата дополнително овозможи увид во технолошкиот развој и глобалната позиција на Haier, бренд кој 17 години по ред го зазема првото место во светот според обемот на продажба. Неговата меѓународна препознатливост дополнително ја зајакнува и официјалното глобално партнерство со реномираниот фудбалски клуб Liverpool FC.
Како официјален партнер и главен увозник на Haier за Македонија, МЕГА континуирано вложува во стручно усовршување, следење на најновите технологии и проширување на својата понуда, со цел на купувачите и деловните партнери да им обезбеди современи, квалитетни и енергетски ефикасни решенија.
Оваа посета претставува уште една потврда за силното партнерство меѓу МЕГА и Haier, како и за нашата посветеност кон развојот на брендот и унапредувањето на HVAC решенијата на македонскиот пазар и пошироко.

