МЕГА – Дел од приказните што го прават Куманово посебно!
Секој град има своја приказна а најубавите страници ги испишуваат луѓето нивната енергија, креативност и заедништво. Водени од желбата да придонесеме кон развојот на локалната заедница, со гордост ги поддржуваме настаните што го оживуваат духот на Куманово поврзувајќи различни генерации преку музиката уметноста и заедничките доживувања.
1. Пикник у Пелинце – Фестивал кој се одржува во природниот амбиент на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце во близина на Куманово каде што музиката, забавата и дружењето се спојуваат со разновидни активности за сите генерации.

2. Мото клуб „Мечки“ – КумановоНастан каде што со моторите се спојува ритамот на рок-музиката создавајќи единствена атмосфера исполнета со адреналин, слобода и вистински моторџиски дух.

3. Графити фест Куманово – Фестивал каде што уметноста излегува од галериите и оживува на градските ѕидови претворајќи ги во платна исполнети со бои и креативност кои му даваат на Куманово нов урбан лик.


