Опис
Плочата Aquapanel® Outdoor е единствено алтернативо решение за вообичаените градежни материјали при проектирање и изработка на надворешните ѕидови и фасади. Не ја менува димензијата, останува тврда, цврста, материјалот не се троши. Особено стабилна и отпорна плоча што брзо и едноставно се монтира. Системот на надворешни ѕидови обезбедува трајна, водоотпорна и постојана конструкција која истовремено има голема моќ на топлинска изолација. Aquapanel® Outdoor е идеална за поправки, адаптации и изработка на нови фасади во приватни и јавни објекти.
Со употреба на плочите Aquapanel® Outdoor за изведба на надворешни ѕидови останува поголем внатрешен простор во споредба со класичната, масивна градба. Иако со помала вкупна дебелина на ѕидот со Aquapanel® Outdoor, се изработуваат цврсти и сигурни ѕидови кои имаат низа предности во однос на подебелите масивни ѕидови. Со помала дебелината на ѕидот се добива поголем внатрешен простор со истовремена гаранција за барањата за топлинска заштита на објектот. Класа на противпожарност А1 според DIN 4102.
Мислења
Сеуште нема мислење за продуктот.