Општи правила и услови

Оваа веб-страна, со домеин www.mega.com.mk, во сопственост на МЕГА ДОО увоз – извоз Куманово, со седиште на ул. Јоско Илиевски бр. 34 Куманово, е креирана за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и купување на производи и услуги. 

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услуги и услови, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.mega.com.mk, внимателно да ги прочитате. 

МЕГА не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа веб-страна, едноставно не ја користете и повелете во некоја од нашите МЕГА Продавници.

Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на веб-страната. 

Називот МЕГА е заштитен трговски знак на МЕГА ДОО узвоз – извоз Куманово и забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. МЕГА ДОО увоз – извоз Куманово ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак МЕГА. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, фотографиите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на МЕГА ДОО увоз – извоз Куманово и се заштитени со авторско право и сродните права. Превземањето на информации, податоци и фотографии, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер.

Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.
За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.

МЕГА го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:

  • Постои ризик од губење на битни информации при преводот;
  • Нема иста или слична терминологија на македонски јазик;

Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, МЕГА ќе се залага за достапност на својата веб-страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до веб-страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на МЕГА, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.

Услови и правила за купување

Цената на производ/и секогаш ќе биде онаа што е наведена на нашата веб – страна, освен во случај на очигледна грешка. Иако гарантираме дека цените дадени на веб страна се точни, може да настанат грешки. Доколку настанала грешка во цената на производ/и кој сте го нарачале, ќе ве информираме во најбрз можен рок и ќе ви дадеме можност да ја потврдите/откажете нарачката со корегирана цена.

Доколку не сме во можност да ви се обратиме, нарачката ќе се смета за откажана и евентуален платен износ ќе ви биде рефундиран.

Не сме обврзани да ви дадеме производ/и со погрешно наведена пониска цена (дури и кога е извршена нарачка, ‘’Заврши со купување”), доколку грешката во цената е очигледна и јасна и сте можеле разумно да ја препознаете како погрешна цена.

Цените на сите производ/и на www.mega.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ, но не ги вклучуваат трошоците за испорака, кои се додаваат на вкупната цена (Видете го делот за Политика и испорака на производи).

МЕГА го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. 

За купување на производ/и преку http://www.mega.com.mk важат редовните малопродажни цени. Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производ/и, количините на производ/и се ограничени. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производ/и, како и пакет на производ/и од понудата на МЕГА. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето или/и пред транспорт на производот. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, адреса и град за испорака и телефонски број. 

По завршувањето на нарачка, на e-mail адресата која ја имате наведено, ќе ви биде доставена профактура со избрани артикли од нарачка, најдоцна 3 часа од завршувањето на нарачката, или доколку Вашата нарачка е пуштена после 18:00 часот повратен е-mail ќе добиете нареден ден. 

Доколку Вашата нарачка е пуштена во сабота по 12:00 часот, во недела или државни празници, повратен e-mail ќе добиете прв работен ден.

По доставена профактура купувањето можете да го остварите со уплата на сметка, преку нашиот партнер Комерцијална Банка 300-0900000080-34

или со готовинска уплата при самата достава на роба (на надворешни соработници – курирска служба).

При евентуални технички проблеми со интернет страната, МЕГА има право да ја одбие нарачката или прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обезштетување, освен враќање на евентуални уплатени средства од страна на купувачот.

Како да купите производ?

Избор на производ/ите:
На врвот на секоја страница се наоѓа паѓачкото мени со категории на производ/и, со клик на посакуваната категорија, ќе се отвори нова страница со производи од избрана категорија. За побрза селекција на бараните производ/и може да користите филтри кои се ставени над слики на производ/и. Ако не знаете на која категорија припаѓа производ/и кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување, кое се наоѓа на врвот на секоја страница од десната страна. Во полето “Пребарувај” можете да внесете шифра на производ/и, назив на производ/и. Дополнителна информација за избраниот производ/и може да добиете кога ќе кликнете на слика на самиот производ/и. Со избор на посакуваната количина, производ/и може да го ставите во корпа со притискање на копчето “Додади во кошничка”.

При кликнување на “Додади во кошничка” најдоле на страната излегува pop up (лента во зелена боја), која дава информација кој производ/и го имате додадено, која количина и цена.

Потоа кликате на  “Продолжи со купување “ (во случај ако сакате да додадете некој производ/и), или кликате на  “Заврши со купување “.

Од лева страна потребно е задолжително да се пополнат Вашите генералии за овозможување за достава.

Задолжително пополнете ги сите означени полиња.

Најдолу имате понудени опции за плаќање:

  • Уплата на сметка (со издадена профактура);
  • Готовинско плаќање (на надворешни соработници – курирска служба), при подигнување на нарачка;

По избран начин на плаќање кликнувате на “Заврши со купување “ 

Со тоа Вашата нарачка е процесирана до наша онлине продавница.

Достапност на производ/ите:

Откако Вашата нарачка ќе ја прегледаат нашите агенти за онлајн продажба и ќе ја утврдат расположливата моментална состојба на производ/и кои се ставени во Вашата нарачка и тоа најдоцна во рок од 3 часа по примена нарачка во нашата онлине продавница, добивате повратен e-mail за потврда/откажување на нарачка.

Доколку Вашата нарачка е пуштена после 18:00 часот, повратен e-mail  ќе добиете нареден ден. Нарачка во  сабота пуштени после 12:00 часот, во недела и на државни празници се прегледуваат прв нареден работен ден.

Потврда на нарачка

Добивање на e-mail за потврдување на нарачка е различен врз основа на изберена опција за плаќање.

Доколку го имате изберено првиот начин на плаќање, односно уплата на сметка, на повратен е-mail добивате прикачена профактура, која ќе треба да ја уплатите (погоре прикажано пополнет налог), оваа опција можат да ја извршат сите лица во филијала на матична банка, или лица кои имаат достапно електронско банкарство, и добивате е-mail дека Вашата нарачка е примена. По извршена уплата од Ваша страна во тековен ден, уплатата ја евидентираме прв нареден работен ден, потоа очекувајте е-mail каде ќе добиете прецизцни информации за достава на производ/и.

Доколку го имате изберено вториот начин на плаќање, односно готовинско плаќање (на надворешни соработници – курирска служба), добивате повратен е-mail дека Вашата нарачка е примена, следно, очекувате е-mail каде ќе добиете прецизцни информации за достава на производ/и.

Откажување на нарачка поради (не)расположлива состојба на избран производ/и

По извршена проверка на (не)расположливата состојба, добивате повратен е-mail за можност за замена и бирање на некој друг производ/и од наш асортиман (кога е утврдено дека производ/и кој/и го имате изберено го/и нема на залиха).

Доколку го имате изберено првиот начин за плаќање, односно уплата на сметка, заменски производ/и кој го имате одберено и го имаме на залиха, а негова продажна цена е пониска/повисока во однос на првичниот производ/и, постапуваме на следен начин:

  • Цена пониска на заменски производ/и – пресметана разлика во цена ви се рефундира на иста сметка на која ја имате извршено уплатата;
  • Цена повисока на заменски производ/и – пресметана разлика во цена која ќе треба да ја доплатите. Наши продажни агенти стапуваат во контакт со Вас, за договарање и изготвување на дополнителен документ, односно нова профактура со заменски производ.

Количините на нашите производ/и се ограничени. Согласно со тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Политика на прием, замена, враќање и гаранција на производ/и

Прием на производ/и
Производот/ите се доставуваат до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда. Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања и се осигурани од губење или оштетување за време на транспортот. Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број на нашите продажни агенти за онлине продажба и кај надворешни соработници (курирска служба), во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени. Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: фактура-испратница, која сте должни да ја потпишете како согласност дека вашите производи се уредно и комплетно примени. 

Замена и враќање на производ/и
Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 (календарски) дена од денот кога производот е купен. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, уредно спакуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот, трговецот нема соодветен производ што ќе одговара на неговите потреби, трговецот е должен да го извести купувачот кој бара замена дека нема таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг 30 дена од поднесено барање од страна на купувачот.

Потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

 Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да врати купен производ во период од _7_ дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. 

Средствата ќе бидат рефундирани на ист начин на кој е извршена уплата, а тоа може да биде преку банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот или готовинска уплата преку надворешни соработници (курирска служба). 

Рефундација се врши само на купен/и производ/и, не вршиме рефундација на трошоци на испорака.

Рефундација ќе се изврши во накус можен рок, или во рок од 15 дена од датум кога сте не известиле за намера за враќање и кога производот е уредно вратен во наша продавница и проверен од страна на магационери дека е во иста непроменета состојба во кој бил пратен.

Рефундација секогаш ќе изврши на ист метод кој сте го користеле при уплата.

Рефундација на купувачот може да се изврши во целост вклучувајќи и трошоци за испорака, само доколку се утврди дека постои фабричко оштетување на производот.

 Според Закон за заштита на потрошувачите, член 50, специјални производ/и, кои се купени по нарачка врз основа на писмен договор, купувачот нема право да ги замени/врати.

Гаранција на производ/и
Производите (хидромасажни кади, хидромасажни кабини, арматури за бања, фен за коса/раце) купени преку интернет страната на МЕГА, имат соодветен Гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот.  Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот. 

Гаранцијата нема да важи доколку:

  • Доколку не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или фактура-испратница);
  • Оштетувања се настанати поради несоодветна употреба, приклучување на несоодветен електричен напон и дефекти во дистрибуција на електрична енергија;
  • Оштетување е настанато поради високи ниво на бигор или нечистотии во вода;
  • Оштетување е настанато поради одржување со јаки хемиски абразивни средства;
  • Доколку монтажа на производите не е извршена од овластени монтери на Мега Доо;
  • Доколку производот се ракува непрописно, несоодветно од приложени инструкции за употреба на монтажа;
  • Доколку има обиди за поправка на производот од неовластени сервисери;
  • Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење;

Сервисирање на еден ист производ може да биде најмногу 3 пати, доколку производот појави недостаток по трето сервисирање, потрошувачот има право да побара замена на производ со нов или поврат на средствата кои ги платил.

Времетраење на едно сервисирање во гарантен рок може да трае најдолго 30 дена. Доколку трговецот не го извести потрошувачот 30-тиот ден дека производот е поправен и може да се земе, потрошувачот веќе следен ден има право да побара замена на производ со нов или да побара поврат на средства кои ги платил, и нема обврска повеќе да го подигне производот кој е поправен по истекот на рокот за сервисирање. )

КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНАТА НА МЕГА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Политика на испорака на производ/и

Купувањето преку нашата веб страна може да го реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја вршиме само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производ/и ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачка. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака во делот за забелешки при нарачка. 

  • Доколку износот на Вашата нарачка е поголем од 12,000 ден., ви следува бесплатна достава на територија на Република Северна Македонија;
  • Доколку износот на Вашата нарачка е помал од 12,000 ден., ви следува доплата за достава на територија на Република Северна Македонија, која е од варијабилен карактер во зависност од димензии и тежина на производ/и, преку надворешни соработници (курирска служба);

Секоја нарачка е од специфичен карактер и за дополнителни информации можете да стапите во контакт со нашите продажни агенти за онлине продажба, преку телефонски број 072 227 005; или да ни пишете на нашиот e-mail: megaku.web.online@gmail.com, каде ќе ви излеземе во пресрет и ќе посредуваме преку надворешни соработници (курирска служба) за да може попрецизно да ви ја дефинираме доплатата за доставата.

Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е од 3-5 работни дена од моментот на потврдa на нарачка од страна на купувачот/потврда за извршено банкарско плаќање. Во согласност со нашите можности, призвод/и ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. МЕГА го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.

Испораката може да се изврши преку наша транспортна служба за испорака или преку надворешни соработници (курирска служба).

Испорака во сабота по 12:00 часот, во недела и на државни празници не се врши.

Пред испораката на производ/и купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката. 

Доколку нарачката е направена по 18:00 часот, истата ќе биде проверена од страна на наши продажни агенти за онлине нарачки, наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за нарачка/потврда за извршено банкарско плаќање, започнува да тече периодот за испорака. 

Доколку нарачката е направена во петок по 18:00 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од следен прв работен ден. 

Во рокот на испорака не се пресметуваат викенди и неработни денови.

Испораката на производ/и се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. 

Секој купувач е должен при превземање на производ/и, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производ/и, да провери дали некој производ/и недостасува. Доколку производ/и е испорачан оштетен, или одреден производ/и недостасува од нарачката, купувачот е должен веднаш да стапи во контакт со нашите продажни агенти за онлине продажба, како би се превземале понатамошни мерки за отстранување на ненамерната грешка. 

Во овој случај, трошоците за замена на оштетен производ или дополнување на производ/и испуштен при нарачка, нема да бидат на товар на купувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производ/и, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се направи рефундација на уплатен износ, во тој случај од крајниот износ за рефундација ќе биде одбиен трошокот за достава. 

Доколку купувачот сака да го замени производ/и, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. 

Доколку има доцнење на испораката од страна на надворешни соработници (курирска служба) која е ангажирана за извршување на испораката, МЕГА не може да превземе никаква одговорност.

Настани кои се надвор од наша контрола
Не превземаме одговорност за било каква несогласност или доцнење на согласност на било какви обрски кои ги имаме спрема Вас, ако настани кои се случуваат се надвор од наша разумна контрола.

Тука спаѓаат: штрајк, престанок на работен однос, граѓански немири, револт, терористички напади, војна, закана, подготовка за војна, пожар, експлозија, бура, поплава, земјотрес, колапс, епидемија или било каква природна катастрофа.

Исклучена е можност за користење на бродови, авиони или други средства за транспорт при набавка на роба.

Исклучена е можност за користење на јавни и приватни телекомуникациски системи.

Ќе се подразбира дека тие договори кои се суспендирани за време на период на виша сила, ќе ни биде дадено продолжување на период за исполнување на обврските спрема Вас, еднакво на времето колку што траела ситуација на виша сила. Ќе се потрудиме да ги дадеме сите разумни ресурси за да стравиме крај на виша сила или да најдеме решение кое ни овозможува да ги исполниме обврските спрема Вас, и покрај Виша сила.

Истовар
Производ/и ќе бидат испорачани на договорената адреса, до најблиската точка на која е можен пристап со возило, па заради тоа погрижете се приодот да биде слободен. Истовар на производ/и, како и нивното евентуално качување на кат се обврска на купувачот. Купувачот ќе биде контактиран претходно, за да навремено може да направи подготовки за прием на нарачка. Ве молиме веднаш направете проверка на пристигнатата нарачка и доколку воочите било каков недостаток веднаш пријавете му на превозникот. Со потпишување на документ, го потврдувате приемот и исправноста на нарачката. МЕГА ДОО нема да сноси одговорност за понатамошно складирање и манипулирање со нарачан/и производ/и.

Монтажа
МЕГА ДОО не врши монтажа на нарачаните производ/и, ниту пак одговара за правилноста на извршената монтажа. Препораките и советите во врска со монтажата на производ/и, се од информативен и не обврзувачки карактер и се даваат на барање на купувачот, со цел по лесно извршување на потребната работа. Рокот, цената и начинот на монтажа, клиентот ги договара со овластените монтери или со приватно ангажираните изведувачи, кои ја сносат одговорноста за извршената работа. Пред инсталација и употреба на производот, прочитајте ги упатствата од производителот и доколку има потреба, консултирајте се со стручно лице. Специјално: за дел од производите од програмата Wellness, МЕГА ДОО обезбедува монтажа, под услов да е соодветно припремено местото на кое ќе се монтира производот, т.е. да се обезбедени приклучоци за електрична енергија, довод и одвод на вода.

Поддршка на корисници

За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на:

Телефон: +389 (0) 31 44 55 88 (072 227 005);

Секој работен ден во период од 07:30 часот до 18:00 часот.

ЗАТВОРИ

Категории

Додади во кошничка

📣 #МегаИзвестување

ПОЧИТУВАНИ ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ПРОДАЖНИТЕ САЛОНИ
НА МЕГА УТРЕ (31.12.2024)

ЌЕ РАБОТАТ ДО 13Ч.

📣 #МегаИзвестување

Почитувани Ве известуваме дека следните денови, продажните салони на Мега нема да работат :

01,06,07 јануари

Останатите денови се работни со регуларно работно време.
Мега Ви посакува Среќни празници!

Artboard 5

📣 Биди во тек со сите промоции на Мега сега и на Viber

Внеси мобилен телефон (3897xxxxxxx) и зачлени се

📣 #МегаИзвестување

Почитувани Ве известуваме дека понеделник 09.12.2024, продажните салони на Мега нема да работат.

Mega
Преглед на приватноста

Веб страницата користи колачиња за да ви го овозможи најдоброто корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот пребарувач и извршуваат функции, односно ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб страницата ви се најинтересни и корисни.