Velux MK08/GZL1051 Кровен прозорец 78x140cm

27.600 ден

Единица мерка: парче
GZL- Ламелирано и импрегнирано борово дрво, заштитено со еден слој акрилен лак на водена база. Во зависност од изложеноста на сонце и влага се препорачува повторно обновување на лакот.
Кровниот прозорец GZL ги вклучува сите VELUX карактеристики, како што се рачки на горната страна на прозорецот и можност за ротација на крило за 180°, што овозможува полесно чистење на надворешно стакло. Овој модел има можност за вентилациски отвор, сместен во горниот дел на крилото.
Начин на отворање:
Ротирање на крило околу средишната оска на рамка со помош на горната рачка. Крилото може да се ротира во поволна положба за чистење.
Косина на кров: Можност за инсталација при косина на кров од 15-90°.
Проветрување: Отворот за вентилација овозможува размена на воздух од 10 до 16m³/h, во зависност од ширината на прозорецот. Воздучниот филтер спречува навлегување на прашина и инсекти во внатрешноста на просторијата. Вградениот воздушен филтер е лесен за одржување.
Енергетски оптимално двојно стакло UW 1.3.

Карактеристики

Производител

Velux

Димензија

78x140cm

Потекло

Данска

Мислења

Сеуште нема мислење за продуктот.

Бидете први кои ќе разгледате “Velux MK08/GZL1051 Кровен прозорец 78x140cm”